Австрискиот репрезентативец Јанко Божовиќ и хрватот Марко Матиќ и официјално ја отворија серијата пристигнувања на нови играчи во ракометниот клуб Металург.
Јанко Божовиќ е австриски репрезентативец со црногорско потекло, кој во Металург доаѓа од белоруски Брест Мешков. Божовиќ (30 г., 203 см., 101 кг) игра на позиција десен бек, а во својата кариера настапувал и за екипите на Вест-Виен, Нитедал, Ла Коруња, Фуксе Берлин, Дунафер, Италгест Касарано, Слован, Фризенхајм и Емсдатен. Божовиќ потпиша двегодишен договор со Металург.
Хрватскиот интернационалец Марко Матиќ (27 г., 202 см., 86 кг.) потекнува од Извиѓач Љубушки, а настапуваше и две сезони за хрватскиот првак Загреб во Лигата на шампионите (2012/13-2013/14). Во Металург Матиќ доаѓа од екипата на Мекленбург Шверин. Матиќ игра на позиција лев и среден бек, а со Металург потпиша тригодишен договор.
Со овие двајца ракометари, Металург ја отвора серијата засилувања што ќе продолжи во наредниот период, по што тимот ќе добие нова физиономија во пресрет на новата сезона. Со новиот концепт на тимот, Лино Червар тргнува во остварување на зацртаните цели што значат враќање на највисоките амбиции на домашна и меѓународна сцена.
Ohridnews