Македонскиот ракометен претставник во Лигата на Шампиони, Металург ги одреди цените на билетите за натпреварите од групната фаза. Истите ќе чинат од 100 до 250 денари. Новитет е оваа година што клубот освен картите обезбеди и сезонски билети кои чинат 1000 денари.

Металург премиерата пред своите гледачи ја има против словенскиот првак Горење. Избраниците на Лино Червар на домашен терен ќе ги пречекаат уште Киелце, Шамбери, Санкт Петерзбург и Силкерборг.

Мх.П.