Ракометниот клуб Металург ги обедини титули во младинска конкуренција. Металург во Охрид триумфираше во Младинската лига, а вчера во Струга успеа да ја освои титулата во Пионерската лига.

„Металурзите“ во финалето го совладaа тимот на КЛ7 од Струга со 21-20, кој беше домаќин на завршниот турнир. Екипата на Алушовски се закити со бронзениот медал. На победниците и на најдобрите наградите му ги додели Кирил Лазаров.

Со одигрувањето на пионерскиот фајнл фор завршија ракометните возбудувањата во младинските категории во нашата земја.

OhridNews