Македонскиот ракометен првак Металург полека ги консолидира своите редови по заминувањето на првотимците од клубот.
Тимот од Автокоманда во името на Раде Стојановиќ го доведе првото засилување, со кој треба да почне градањето на новиот Металург.
Поранешниот репрезентативец ќе биде големо засилување за екипата бидејќи се работи за искусен ракометар, а тоа е она што му треба на младите ракометари.
Стојановиќ треба да биде само првото засилување од неколкуте што Металург ги планира за продолжението од сезоната.
Ohridnews