Ракометарите на Металург со триумф од 20-15 на теренот од лутиот ривал Вардар Про ја запечатија петтата титула, трета во низа во македонскиот шампионат.

Предноста од девет голови остварена на првиот меч на Металург беше недостижна за освојувачот на Купот на Македонија, Вардар Про.

Најзаслужен за победата на “металурзите“ е голманот Дарко Станиќ кој имаше 18 успешни интервенции.

Следната сезона Металург ќе ја преставува Македонија во Лигата на Шампионите додека Вардар патува во Лигата на Европа.

Мх.П.