Ракометарите на Металург ја освоија титулата есенски шампион во Супер лигата со стопроцентен ефект на мечевите.


И со натпревар помалку избраниците на Лино Червар ја осигураа титулата, пред Работнички и Охрид кој исто така има меч помалку.


Деветтата рунда ќе се комплетира со мечот меѓу Охрид и Вардар Јуниор в среда со почеток во 18 часот.

Резултати : Радовиш – Прилеп 30-35, Металург – Пролет 27-18, Работнички – Металург 2 32-24, Пелистер – Борец 25-20.

Табела : Металург 24 (-1), Работнички 21, Охрид 18 (-1), Прилеп 15, Вардар 15 (-1), Радовиш 12, Пелистер 9, Пролет 9, Борец 6 (-1), Металург 2.

Мх.П.