Двокраниот освојувач на трофејот во Лигата на Шампиони, Атлетико Мадрид западна во тешка финансиска криза, а од лошата ситуација во шпанскиот клуб најмногу може да профитира македонскиот ракометен вицепрвак Металург.


Поранешниот клуб на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров има недостиг на финансиски средства, а поради тоа подготвени се да го откажат настапот во Лигата на шампиони.

Од четирите учесници со вајдл карта кои допрва на турнир треба да се борат за едното место во ЛШ, Металург има најдобар пласман, па поради тоа се отвараат вратите за директен пласман во ЛШ.

Минатата сезона избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар го направија најголемиот успех во македонската ракометна историја откако обездија пласман во 1/4 финалето во Лигата на шампиони.

Ако “металурзите“ триумфираат на турнирот или го добијат местото од Атлетико Мадрид, Македонија за прв пат ќе има два клуба во групната фаза од Лигата на шампиони што уште еднаш ќе го потврди фактот дека ракометот е спорт број еден во нашата земја.

Мх.П.