Македонскиот ракометен првак Металург има негатива еден гол разлика (11-12) на полувремето на реванш натпреварот од 1/8 финалето против Динамо Минск.

Избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар во грч го почнаа мечот, затоа дојде и оваа предност од еден погодок на полувремето.

Најпрецизен во составот на Металург со четири погодици се Ренато Вугринец и Младен Ракчевиќ додека голманот Дарко Станиќ има осум успешни интервенции.

Од “Борис Трајковски“, Михаил Постоловски.