Македонскиот првак Металург без услигите на Ренато Вугринец ќе му се спротистави на лидерот во СЕХА лигата, Веспрем.
Репрезентативецот на Македонија иако тренира сеуште мака мачи со повредата и не може да влезе во натпреварувачки ритам.
Покрај „Вуги“ во тимот за дуелот со унгарскиот првак го нема и Дарко Станиќ на кој му се избројани деновите во Металург.
По пет одиграни натпревари Веспрем е лидер со исто толку победи додека Металург во три меча има две победи и се наоѓа на третата позиција.
Мх.П.