Македонскиот ракометен вицепрвак Металург претрпе пораз од Брест Мешков 26-25 на домашен терен и теоретски ги загуби шансите за пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата.

Металург без ударната бековска двојка Атман и Вугринец констатно се мачеше во нападот, што гостите знаеја да го искористат и во Скопје да го заверат пласман во фајнал фор.

Минатите две сезони Металург беше дел од завршницата, а во првата сезона играше и во финалето од Сеха лигата.

Мх.П.