„Зелено белата“ фудбалска експедиција во Охрид пристигна без поранешниот фудбалер на „рибарите“, Александар Далчески.
Тој остана во Скопје и тренира со младинците и кадетите, а проблемот „запнал“ околу новиот договор на фудбалерот за врска.
Договорот на Далчески истекува по завршување на сезоната и се уште траат преговорите за продолжување на соработката.
Редовите на скопскиот прволигаш Далчески ги засили од охридскиот клуб ФК Охрид 2004, кој сега никаде не се натпреварува.
Мх.П.