Македонскиот ракометен првак Металург без Павел Атман ќе му се спротистави на Вардар во двата натпревари од националниот шампионат.

Коленото на рускиот бомбардер настрада на реванш натпреварот со Кил во Лигата на Шампиони, а повредата се покажа сериозна и го оддалечи од теренот најмалку десетина дена.

Натпреварите меѓу Вардар и Металург се играат на втори односно осми мај, а токму тие мечеви години наназад одлучуваа за титулата.

Мх.П.