Охридските ракометари имаат четири погодоци предност (14-10) на полувремето на дуелот со Металург 2 во втората рунда од Супер лигата.


„Гладијаторите“ од самиот почетокот на мечот ги држат конците во своите раце и не ја испуштаат предноста која пред крајот на првиот дел достигна највисоки четири голови.

Ако избраниците во вторите триесет минути го задржат водството ќе ги запишат првите бодови во новата суперлигашка сезона.

На официјалниот сајт на Ракометната федерација на Македонија сите љубители на ракометот натпреварот меѓу Металург 2 и Охрид можат да го гледаат во живо.

Ohridnews