Втората екипа на Металург ги комплетираше учесниците во Супер лигата, откако во бараж мечот во Прилеп ја совлада Преспа со 31-24 (15-14).
По откажувањето на Макс Струмица се отвори едно место во Супер лигата, а за него се бореа Металург 2 кој минатата сезона заврши на последната позиција и второпласираната од Првата лига, Преспа.
Ресенчани добро го започнаа натпреварот со серија 5-1, но подмладокот на Металург возврати со иста мера и до крајот на првиот дел стигна до водство (15-14).
Во второто полуреме „металурзите“ додадоа гас и со ефикасна игра во нападот осигураа победа и нова сезона во елитата.
Натпреварите во Супер лигата започнуваат следниот викенд. Охридските ракометари гостуваат во Скопје, а силите ќе ги одмерат со Работнички.
OhridNews