Лидерот во македонскиот шампионат тимот на Металург, во наредните неколку дена во Охрид ќе ја воигрува екипата на тактички план кој треба да им донесе позитивен резултат по првиот натпревар во КПК на 14 февруари во Скопје против францускиот Трембле.

Знаеме дека играат зона 3-3, имаат доста спремни играчи,Ние интензивно  се подготвуваме за таа одбрана и ќе најдеме лек. Мислам дека 6-7 голови би биле доволна залиха за реваншот во Франција -смета Наумче Мојсоски кој го пропушти вчерашниот тренинг поради настинака.

Ракометарите се подготвуваат во Охрид, но со мислите се во Скопје каде за десетина дена ги очекува првата пресметка.

Мило мие што останавме во Македонија и што се одбра Охрид кој ми буди пријатни сеќавања. Овде ќе се подготвиме добро за двомечот со французите, на кој секоја победа е значајна но мислам дека со победа од три – четири гола разлика би биле поблиску до пласманот во наредната фаза – истакна голманот на Металург и репрезентацијата Борко Ристовски.

Металурзите ги продолжуваат подготовките во Охрид, а утре според најавите ќе одиграат пријателски натпревари против ВВ Тиквеш.

фото : Емилио
М:Постоловски