Фудбалерите на Металург првиот собир во 2011 година ќе го имаат на 12 јануари, а првиот дел од зимските подготовки ќе се одвива во Негорски Бањи.
Шефот на стручниот штаб Жикица Тасевски ќе ја изврш прозивката и во Скопје, а по воведните тренинзи на стадионот во скопската населба Железарница и во Марино, екипата ќе замине во Негорски Бањи. Таму фудбалерите ќе се подготвуваат од 24 јануари до 2 февруари.
По кратко враќање, во Скопје ќе следува вториот дел од подготовките, од 7 до 21 февруари во Охрид, за кога се предвидени и неколку тест-натпревари.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com