Екипата на Металург која е на подготовки во Охрид, како и тимовите на Ренова, Работнички и Тетекс денеска ќе ги дознаат своите противници во евро-куповите.
Во централата на Европската фудбалска федерација, Нион, ќе биде извршена ждрепката за првите две кола од квалификациите за Лигата на шампиони и УЕФА Евро лига.
“Железничарите“ како и Тетекс кои се дебитнати во европкуповите се во барабнот со неносители, додека Работнички ќе се најде во привелгирана позиција. Сите три македонски екипи ќе играт во првото коло од Европа Лигата.
Македонскиот првак Ренова исто така е во послабо рангираниот шешир, но тој ќе настапи во второто коло од квалификациите за Лигата на Шампиони.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com