Скопски Металург ја заврши втората фаза од подготовките во Охрид, а да не беше времето лошо , ќе можеше да се рече дека подготовките поминаа идеално. Лошото време и немањето терени беа пречка за зацртаните уште два меча, но Металург доби своја физиономија, формиран е костурот на екипата и воведени се трите најбитни елементи – желбата за победа, дисциплината и победничкиот менталитет.


Освен временските услови кои не не послужија во Охрид, успеавме во целост да го реализираме планот што го имавме зацртано на овие подготовки. Одигравме два натпревари помалку од планираното но што е тука е мора да се прилагодиме на условите –  вели Тасески

Во преодниот период Металруг се засили во сите лини, а тимот во вториот дел од сезоната ќе игра по вкусот на Тасески. Во Автокоманда зимава пристапија Владимир Медиќ (лев бек), Бетим Алиу (десен бек), Игор Кралевски (стопер), Александар Тенекеџиев, Марко Костенцовски и Миодраг Јовановиќ (среден ред) и Јован Костовски и Музафер Ејупи (напад).

Задовлен сум од тоа што го сработивме во Охрид , екипата ја доби потребната физиономија, забележувам дека оние работи што ги работиме на тренинзите играчите почнуваат да ги спроведуваат во игра, но се разбира дека треба да се направат уште некои корекции,она што е добро за тимот е тоа што немаме играчи кои се посериозно повредени . Во наредните две недели во Скопје ќе ги дотеруваме финесите , и во зависно од временските прилики ќе се обидеме да одиграме еден два пријателски натпревари. – истакна Тасески


Охрид годинава не одговори на потребите на екипите кои дојдоа на подготовки , единствениот терен не можеше да ги задоволи барањата на сите да одиграат пријателски средби.

Оваа година имаше доста добри екипи кои би можеле да бидат спаринг партнери , во моментов на Охрид му недостигаат неколку тревнати терени и еден до два терени со вештачка трева кои би можеле да одговорат на потребите не екипите кои доаѓаат на подготовки – завршува Тасески.

Фото Емилио
М.П.