Американската група “Metallica” потврдила на својот сајт дека припрема 3Д филм кој во кината би требало да се појави следната година, но не прецизирале за што станува збор.

Реагирајќи на пишувањата на повеќе списанија, членовите на бендот навеле дека гласините се точни и дека би сакале да кажат нешто повеќе за тоа, но сеуште не ги разработиле сите детали. “Metallica”, инаку, ова лето ќе настапи на повеќе европски фестивали каде во целост ќе го изведат својот петти, таканаречен „Црн“ албум.