Американската хеви метал група Металика најавила дека ќе одржи концерт на Антарктикот, но и дека настапот ќе биде изведен без појачала. Членовите на бендот на својата веб страна навеле дека по 30 години минати како бенд имале неверојатна среќа да го посетат речиси секое коше на Земјата, освен еден. Тоа сега ќе се променело, бидејќи се спремале да отпатуваат на Антарктикот, единствениот континент на кој досега Металика не засвиреле. Како што пренесуваат агенциите, концертот ќе биде одржан на 8 декември во близина на хелиодром, во куполата на аргентинската база Карлина.

 

Она што овој настап го прави поинаков од останатите е фактот што публиката ќе може да слуша со помош на слушалки, без појачала. Присуство на овој концерт на мраз ќе може да се обезбеди преку наградна игра која Кока Кола ќе ја организира кон крајот месецот во Аргентина, Чиле, Колумбија, Костарика и Мексико. Според списанието “Rolingstonе”, концертот на Металика ќе биде втор ваков настан на Антарктикот. Првиот настап на најладното место на светот во 2007 година го имал инди рој составот Нунатак, кој го сочинувале истражувачи кои се занимаваат со проучување на климатските промени.