“Through the Never” е името на првиот филм на групата „Металика“, кој ќе има премиера на 27 септември оваа година. Легендарната група го најави својот филм со краток трејлер, опишувајќи го како спој на обичен и музички филм.


Направен во 3Д техника, ќе содржи снимки од нивните три настапи во Ванкувер минатата година. Наратор е актерот Дејн Дехан, кој воедно игра и лик на измислен член на бендот.