„Металика“, еден од највлијателните музички бендови, слави четири десетлетија постоење и 30 години од култниот „Црн албум“ (The Black Album).
Како што велат, случајно се собраа и испишаа историја. Според „Дојче веле“, целиот рок-свет може да му се заблагодари на Ларс Улрих за објавувањето на малата реклама во калифорниски „Рисајкл“ во 1981 година. Останатото е историја. Другите сè уште активни членови се: Џејмс Хетфилд, Кирк Хамет и Роберт Трухиљо.
Металика е основана на 28 октомври 1981 година. Веќе 1983 година го издаваат албумот „Kill’em All“, а во 1986 и култниот албум „Master of Puppets“. Со таа плоча заминуваат на европска турнеја, на којашто им се преврте автобус – меѓу Стокхолм и Копенхаген, а басистот Клиф Бартон загина.
Во 1990 година го сними првиот видео запис за песната „One“, кој ги достигна врвовите на листите на Ем-ти-ви. Следеше албумот „Metallica“, којшто поради омотот сè уште се нарекува „Црниот албум“. Тука се наоѓаат вечните хитови „Enter Sandman“ и „Nothing Else Matters“.
Нивниот последен албум „Hardwired… to Self-Destruct“ излезе во 2016 година.
„Металика“ повторно настапува по откажувањето на концертите поради пандемијата. Следат големи настапи, во јуни на тркачката патека Хокенхајмринг во Германија. Гитаристот Кирк вели дека за нив, нема запирање и по 40 години.
OhridNews