Легендарниот хеви метал бенд Металика после 22 години повторно ќе настапуваат на доделувањето на музичките награди Греми, на 26 јануари во Лос Анџелес. Како што е најавено на сајтот на бендот, тоа нема да биде само обичен настап, туку ќе свират со кинескиот пијанист Ланг Ланг. Металика инаку се номинирани за најдобар визуелен изглед на албум и за музиката за филмот “Through The Never”.
Бендот последен пат настапил на доделувањето 1992 година кога добиле Греми за најдобра метал изведба. Досега освоиле вкупно девет Греми награди. Меѓу останатите изведувачи на доделувањето се Дафт Панк, Стиви Вондер, Фарел Вилијамс, Нил Роџерс, Пинк, Кети Пери и многу други, а церемонијата ќе ја води раперот Ел-Ел Кул Џеј.