Популарниот бенд „Металика“ ќе прослави три децении од своето постоење заедно со најверните обожаватели, на четири специјални концерти во декември. На официјалната веб страна, бендот ја најавил прославата во Сан Франциско која ќе се случува на 5,7,9 и 10 декември, а тоа ќе бидат ексклузивни настапи со бројни гости, ретки песни и многу други изненадувања.
Влезницата за еден концерт ќе чини шест долари, додека пакет за сите четири концерти ќе чини 19,81 долар. Во соопштението на бендот било наведено дека се враќаат во осумдесеттите што се однесува до цените на влезниците, но не и на фризурите. Билети ќе можат да резервираат од 8 август само членовите на нивниот официјален фан клуб.