Компанијата Мета (претходно Фејсбук) се заканува да ги затвори своите платформи Фејсбук и Инстаграм во Европа, се наведува во годишниот финансиски извештај на компанијата.
Во годишните финансиски извештаи на компанијата се наведува дека Мета не може да пренесува, складира и обработува податоци за своите европски корисници на сервери со седиште во САД и оти двете платформи ќе бидат затворени низ Европа.
Клучниот проблем за Мета е трансатлантскиот пренос на податоци регулиран со така наречениот „Штит за приватност“ (Privacy Shield). Тековните договори за пренос на податоци се предмет на строги контроли во ЕУ.
Во својот годишен извештај до американската Комисија за хартии од вредност, Мета предупредува дека доколку не се усвои нова рамка и на компанијата не и се дозволува да користи тековни модели на договори „или алтернативи“, компанијата „најверојатно“ веќе нема да може да нуди многу од неговите „најважни производи и услуги“, вклучувајќи ги Фејсбук и Инстаграм во земјите-членки на Европска Унија.
OhridNews