Една од улогите кои ја обележаа кариерата на Мет Дејмон е улогата на Џејсон Борн. Уште од 2002 година, кога е снимен „Борновиот идентитет“, на луѓето има стана јасно дека зборуваме за вистинска акциона улога, од страна на актер кој дотогаш го гледавме во мирни улоги, најчесто од комична природа. Во 2004 и 2007 година добивме достојни продолженија, и иако се чинеше дека тоа е се, снимен е уште еден филм, но со Џереми Ренер во главната улога.
Иако мислевме дека тоа е тоа од Дејмон, многу ни беше мило кога слушнавме дека Пол Гринграс, режисерот на филмовите „Борновата надмоќ“ и „Борновиот ултиматум“, повторно му се придружува на Мет Дејмон и го режира новото продолжение на борновата глобално популарна франшиза, во кој некогашниот наопасен оперативец на ЦИА конечно ќе излезе од сенка. Во новиот филм на Дејмон ќе му се придружи оскаровката Алисиа Викандер, која наското ќе ја видиме во улогата на Лара Крофт, потоа Винсент Касел и Томи ли Џонс, како и Џулија Стајлс, која ќе ја репризира својата улога во овој популарен серијал.