Радосната вест актерот ја потврдил на премиерата на својот филм “Hereafter” а завршната вечера на филмскиот фестивал во Њу Јорк. Рекол дека неговата сопруга носи девојче и дека е воодушевен. Додал дека своите деца ги сака премногу и дека едвај чека да ја запознае новата ќерка.


Мет Дејмон и неговата сопруга Лусиана Баросо веќе имаат две ќерки, Изабела која има четири години и двегодишната Џиа Завала, а Лусиана од минатиот брак ја има ќерката Алекса. Дејмон вели дека воопшто не му е тешко што е единственото машко во куќата. Додал дека би сакал повеќе време да минува со своето семејство и дека му е жал што не ја милува сопругата доволно.