Во новиот биографски филм на Стивен Содерберг за пијанистот Либерасе, Мет Дејмон ќе глуми
љубовник на Мајкл Даглас, кој го игра главниот лик на полско-италијанскиот музичар.
Мајкл изјавил дека ќе се обиде да се опушти и да се внесе во ликот за да неговата интерпретација на големиот уметник не испадне смешна. Го благословил и својот колега Мет Дејмон кој се согласил да го прифати овој предизвик. Пијанистот во текот на својот живот негирал дека е хомосексуалец. Дури и добил некои тужби против британските таблоиди кои пишувале за неговата хомосексуалност.