Да!-повторно кажале актерот Мет Дејмон и неговата сопруга Лучијана Баросо на карипскиот остров Св.Лучија. Пред педесет гости, помеѓу кои бил актерскиот пар Бен Афлек и Џенифер Гарнер, ги обновиле брачните завети.

За оваа пригода изнајмиле цел луксузен ресорт, а романтичната церемонија која траела петнаесеттина минути ја одржале на зајдисонце. Освен “младенците“, посебно среќни биле нивните ќерки Изабела, Џиа, Стела и Алекс кои Лучијана ги има од претходниот брак.

-Ова не е холивудска венчавка. Мет сакаше да биде забавно, весело и приватно. Мисли дека Лучијана тоа го заслужува. Ова е совршено место за венчавка – вели неименуван извор близок на парот, додека друг нивни пријател открива дека долго сакале тоа да го направат во присуство на најблиските пријатели  и семејството.