Скриено меѓу планини, долго време заборавено, па повторно откриено, селото Скребатно и неговата околина нуди природа и чист воздух. Оддалечено од Охрид 15-тина километри, а од Лескоец девет. Многу луѓе со потекло од ова до скоро напуштено село живеат во Лескоец (таму има дури и „Скребатска маала“) и во Охрид. Дел од нив се сложиле дека нивниот роден крај треба повторно да заживее, па си формирале одбор и секој со посебна задача успеале да направат простор за излет што плени. Има ѕидани скари, чешми, клупи од дрво, корпи за отпадоци, тоалети. Се` е средено и бесплатно. Единствен услов е да не оставате отпадоци зад себе. Идеално е за играње до изнемоштеност на децата кои дента кога бевме ние ги имаше барем 60-тина.
Чист воздух и зеленило. Скребатно.
Идеално за викенд скара
Инаку централна „фигура“ во широкиот убав простор е црквата „Св. Богородица“ изградена и оградена со камен. Неодамна е направена импресивна 15 метри висока камбанарија која доминира во погледот одозола, кога се приближувате кон селото по асфалтиран пат. Мештани и гости, посебно за време на големите христијански празници ја користат кујната и трпезаријата веднаш покрај црквата.
Убавина. Црквата Св. Богородица
Во време на безработица и тежок живот во градот, ваквите иницијативи и нови алтернативи даваат надеж за развој на селскиот, излетничкиот па и верскиот туризам. Скребатно е место кое може да биде многу добра и интересна туристичка понуда.
Познатиот професор по виолина и долгогодишен раководител на КУД „Ѓердан“ и хорот „Распеано ѓерданче“, Методија Бараковски – Менде, почина во 82-та година од животот Веста за смртта на познати...
Претпладне по одредени котлини ќе има појава на магла Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб ветер од северозападен правец Минималната температура во Охрид ќе се спуш...
Moже ли охридска граѓанска судска парница за развод да прерасне во скандал Можно е но, за среќа, има доволно време скандалот да се спречи, пишува порталот Плус инфо Случајот за кој пишува Плусинфо,...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.