Натпреварот од шестата рунда против Текстилец охридските ракометари го одиграа пред 1 800 гледачи. Тие им поклонаа победа, но атмосферата не беше пеколна како секогаш, него театарска без навивање и поддршка кога им беше потребно како не дуелот со Куманово кога носени од публиката охриѓани направија пресврт во финишот и стигнаа до победата.
Иако од навивачката група „Рибари“ најавија враќање на трибините тоа не се случи. „Рибарите“ се мобилизираа за овој натпревар, но во ниеден момент не започнаа со навивање.
Ракометарите во сини дресови се миленици на охридската публиката тоа го покажува фактот дека сите натпревари па и во Првата лига ги играа пред повеќе од 1 500 гледачи со што неможат да се пофалат прволигашки екипи во фудбал, ракомет и кошарка.
Тренерот на охриѓани мораше сам да ги бодри ракометарите, кога изостана поддршката од публиката.
Следниот меч на „гладијаторите“ на домашен терен е за две недели, кога во Охрид гостува Зомимак од Струмица екипа која сезонава атакува на шампионската титулата, а поддршката од публиката ќе биде неминовна за овој натпревар.
Мх.П.