Фудбалерите на Аргентина го фатија последниот воз за пласман во елиминациската фаза на Копа Америка. „Гаучосите“ го совладаа Катар со 2-0 а во нивни прилог отиде минималната победа (1-0) на Колумбија против Парагвај во третата рунда од квалификациите.  Аргентина заврши второпласирана, додека Парагвај заедно со Катар ги завршија мечевите на Копа Америка..

  • Најважно беше да победиме и да останеме на турнирот. Ова ни беше еден знак што не чека во продолжението од Копа Америка. Победата мора да ни даде снага и мотив за понатаму. За нас како селекција турнирот допрва почнува. Тешко беше да се игра под притисок. Постоеше страв од елиминација но и покрај тоа игравме добро и успеавме во целта. – изјави капитенот на Аргентина, Лионел Меси.

Меси и останатите фудбалери од аргентинската селекција во 1/4 финалето ги очекува дуел со Венецуела која финишира на втората позиција во групата А.

OhridNews

Копа Америка: Аргентина се израдува на победа и на 1/4 финале (видео)