Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез шест сезони беше партнер на Лионел Меси во нападот на Барселона. Суарез се пресели во Атлетико Мадрид, а Меси на специфичен начин со критики до Барселона се прости од довчерашниот соиграч на Ноу Камп.
Ќе ми биде тешко што повеќе нема со тебе да ги поминувам деновите, на теренот и надвор од него. На сите ќе ни недостигаш. Поминавме многу години заедно, тој период кој никогаш нема да го заборавам. Ќе биде чудно да те гледам во друг дрес, уште почудно ќе биде кога ќе играм против тебе. Заслужи да заминеш како еден од најважните играчи во историјата на клубот, постигна толку многу со тимот, а не да бидеш „шутнат“ на начин на кој што тие тоа го направија. Но, вистината е дека во овој момент ништо не може да ме изненади. Ти посакувам се најдобро. Те сакам, се гледаме наскоро пријателе. – напиша Меси на социјалните мрежи.
Луис Суарез од Барселона замина како трет најдобра стрелец во историјата на клубот (198 голови на 283 натпревари) и еден од најдобрите партнери кои ги имал Меси покрај себе во дресот на каталонците.
OhridNews
Луис Суарез: Тешки моменти за мене, но вечно благодарен на Барселона