Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси се врати во клубот по освојувањето на Светското првенство во 2022 година во Катар, соопшти прес-службата на парижаните.

На 18 декември 2022 година, Меси со репрезентацијата на Аргентина ја победи Франција (3:3, на пенали – 4:2) во финалето на Светското првенство и го освои светскиот шампионат за прв пат во својата кариера.

Триесет и петгодишниот Аргентинец постигна шест гола и направи три асистенции на седум натпревари на турнирот и беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство.

Меси пропушти два натпревари на ПСЖ по Светското првенство во 2022 година – против Стразбур (2:1) и Ленс (1:3) во францускиот шампионат.

Следниот натпревар Парижаните ќе го одиграат на 6 јануари против Шатору во Купот на Франција.

OhridNews