Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси на пријателскиот натпревар со Мароко ќе го официјализира враќањето во националната селекција на Аргентина. Меси доставил чудни услови до челниците на федарацијата кои мораат да ги исполнат пред и после натпреварот.

Капитенот на „гаучосите“ ќе игра најмалку 60 минути, а пред и после натпреварот не сака фотографирање. Не сака ниту да дели автограми, а нема да го менува дресот со фудбалерите од Мароко.

Меси кој делува многу скромно на теренот ги изненади сите љубители со барањата кои не наликуваат на една фудбалска ѕвезда, туку на размазените ѕвезди од филмската индустрија.

Пријателскиот меч помеѓу Аргентина и Мароко ќе се одигра на 26 март во Рабат.

OhridNews