Аргентинскиот ас Лионел Меси е подготвен да сврти нов лист, комплетно да се насочи кон мечевите на Барселона и зад сабе да ги остави проблемите и недоразбирањата кои ги имаше со раководството од клубот. Меси во интервју за шпански „Спорт“ отворено зборуваше за ситуацијата која крена голема прашина во светскиот фудбал.

По сите случувања и несогласувања, би сакал да завршам со сите овие работи. Сите мора да бидеме обединети и мислам дека за нас најдоброто сега следи. 

Ја прифаќам одговорноста за своите грешки, доколку постоеја. Ги правев само за да го подобрам функционирањето на клубот. Сакам да испратам порака до сите навивачи дека, ако се вознемирени поради моите постапки, тоа сум го кажал или направил од најдобар интерес за клубот. Во тоа не треба да се сомневаат. – изјави Меси.

Аргентинецот го крена гласот против претседателот на Хозеп Бартомеу, а негодуваше и за трансферот на Луис Суарез.

OhridNews