Тимот на Барселона брзо се екипираше и консолидираше после поразот од Гранада и на домашен терен со минимални 2-1 (2-1) го совладаа Виљареал во шестата рунда од Ла лига.

Сепак, симпатизерите и комплетниот состав на Барселона немаше многу причини за радост откако поради повреда предвреме мечот го напушти Лионел Меси. Аргентинецот го започна натпреварот но излезе на паузата од двете полувремиња.

Токму Меси во 6-та минута го проигра Ентони Гризман кој го отвори резултатот. Во 15-та минута Барселона го дуплираше водството. Стрелец на погодокот беше Артут. Пред крајот на првото полувреме Кацорла намали на 2-1. Во вториот дел мрежите на Ноу Камп мируваа и Барселона забележа тешка но значајна победа.

Во преостанатите мечеви од денешната програма победа славеше Реал Бетис против Леванте на домашен терен 3-1, додека Ваљадолид и Гранада ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1.

OhridNews