Името на Лионел Меси изминативе денови беше често споменувано во трансфер шпекулациите од светскиот фудбал. Аргентинецот беше поврзуван со Интер, а дел од медиумите објавија дека Меси е во почетни преговори со Интер. Исто така медиумите објави дека Меси ја платил кауцијата за слободата на Роналдињо.
Најдобриот свескиот фудбалер како никогаш до сега се огласи на социјални мрежи и демантираше било што околу неговото име. Тој напиша: Лага до лага. Сакам да демантирам се. Среќа што никој не верува!
Меси со ваквата реакција стави точка околу шпекулациите за неговата иднина. Аргентинскиот репрезентативец од мали нозе е во Барселона и по се изгледа таму ќе ја заврши кариерата.
OhridNews