Капитенот и најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, се најде на удар откако во светските медиуми се прошири информација дека тој го има главниот збор во трансферите на екипата. Аргентинецот отфрли било какво влијание на трансферите и политиката на клубот.
- Иако сум навикнат да живеат со шпекулации и лаги, сепак, таквите написи ми сметаа. Тоа не е точно и јас немам никаква врска во трансферите, ниту пак знам кој преговора и кој ги носи фудбалерите. Мој агент е татко ми и верувајте ништо друго незнам а и не се мешам во други работи. – изјави Меси.
На првата виолина на Ноу Камп договорот му истекува за две сезони. Преговори за продолжување на соработката нема, но фудбалерот не се оптоварува.
- Се додека клубот има победнички менталитет нема зошто јас да се грижам. Клаузули немам а парите не ми значат ништо бидејќи уживам играјќи во дресот на Барселона. Како што кажав мој агент е татко ми и чим има нешто ново ќе бидам известен. – додаде Меси.
OhridNews