Со јубилејниот 50-ти хет трик во кариерата Лионел Меси ја одведе Барселона до победа (4-2) во дербито со Севиља на „Санчез Писхуан“ стадионот. Каталонците два пати имаа негатива, но благодарание на Меси кој уште еднаш ги помести границите во светскиот фудбал стигнаа до победа и важни три бодови во трката за титулата.

  • Повторно заличивме на себе и го покажавме вистинското лице. Поминавме низ еден период во кој не игравме добар фудбал, но на дуелот со Севиља беше со сосема различно. Во текот на сезоната постојат различни моменти и не можете да играте на високо ниво. Но, кога ние ќе ја најдеме формулата за добар фудбал резултатите сами доаѓаат. – изјави Меси.

Аргентинецот смета дека борбата за титулата допрва ќе се разговори иако Барселона има 10 бодови предност во однос на Атлетико Мадрид. – Уште многу вакви тешки натпревари не очекуваат до крајот на сезоната, затоа ништо уште не е готово. Важно беше да ги освоиме трите бодови од дерби средбата со Севиља.

Атлетико Мадрид во рамките од 25-та рунда на домашен терен ќе го пречека Виљареал, додека Реал Мадрид силите ќе ги одмери со Леванте.

OhridNews