Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси ќе ги пропушти следните натпревари на репрезентацијата на Аргентина. Тој нема да биде повикан во националниот тим против Чиле и Колумбија во квалификациите за Светското првенство во 2022 година, објави „TyC Sports“.
Фудбалерот неодамна заболе од коронавирус и сè уште не е во оптимална состојба. По договор со стручниот штаб тој ќе добие одмор.
Репрезентацијата на Аргентина веќе го има обезбедено пласманот на Светското првенство годинава ќе се игра во Катар.
OhridNews