Во нов антологиски натпревар на Ноу Камп, Барселона со 6-1 ја совлада Севиља и со вкупен резултат (6-3) обезбеди пласман во 1/2 финалето во Купот на Шпанија. Каталонците на најдобар можен начин одговорија на обвинувањата дека не сакаат да играат во Купот, откако изгубија 2-0 на првиот меч во Севиља.
- Луѓето говореа, а медиумите пишуваа оти не сакаме да играме и дека не` не интересира трофејот во Купот на Шпанија. Сега, сигурно се им е јасно дека титулите се наша обврска и нема играње по волја за овој клуб. – изјави кратко Лионел Меси после натпреварот.
Аргентинецот го постигна последниот шести погодок за Барселона и стигна до вкупно 50-ет во кралскиот куп. – Имав и претходно шанси да го постигнам јубилејниот педесетти погодок но сега дојде времето. Другите погодуваа, а јас асистирав.
Покрај Барселона пласман во ТОП 4 обезбедија Валенсија и Бетис, а последен се чека Реал Мадрид кој вечерва на гостувањето кај Жирона ќе ја брани предноста од 4-2 стекната на Сантијаго Бернабеу.
OhridNews