Бразилскиот ас Роналдињо, вчера, со плаќање на кауција го напушти затворот во Парагвај и од слобода ќе се брани кога ќе излезе на суд. Роналдињо уапсен беше веднаш после влезот во земјата заедно со неговиот брат поради фалсификување на лични документи.
Кауцијата за слободата на Роналдињо изнесуваше 1,6 милиони евра, а медиумите од Јужна Америка стигнаа до информацијата дека сумата ја платила Барселона. Потоа шпанските медиуми објавија дека Лионел Меси ја платил потребната сума за ослободување на Роналдињо.
Меси со овој потег му се оддолжи на Роналдињо за советите и се останато во Барселона. Кога Аргентинецот ја почнуваше кариерата на Ноу Камп, Роналдињо жареше и палеше низ терените во фудбалска Европа и не себично го поддржуваше. Двајцата заедно играа четири сезони.
OhridNews