Лионел Меси е најдобар фудбалер за 2010-та во првиот заеднички избор на ФИФА и на „Франс фудбал“. Аргентинецот ја доби трката со двајцата Шпанци Чави и Иниеста.
– Изненаден сум, но исто така и задоволен што сум овде со моите пријатели“, рече Меси откако ја прими престижната награда и со на го одбрани ланскиот избор кога ги освои двата посебни пехара, едниот од ФИФА, другиот од „Франс фудбал“.
Меси е првиот фудбалеро по Холанѓанецот Марко Ван Бастен во 88-ма и 89-та што две години по ред станува сопственик на „златната топка“.
Кај тренерите немаше дилеми. Пехарот од Лигата на шампионите и двојната круна во Италија со Интер беа повеќе од доволна препорака признанието за најдобар тренер да заврши во рацете на Жозе Мурињо.
Првиот тим за 2010-та го сочинуваат Касиљас на голот, во одбраната Пике, Пујол, Маикон и Лусио. Чави, Иниеста и Снеидер во средниот ред и во нападот Кристијано Роналдо, Меси и Виља.
Бразилката Марта повторно немаше достојни ривалки, па петти пат по ред е најдобра фудбалерка. А Германката Сивија Неид е прва тренерка за 2010-та.
Наградата „Ференц Пушкаш“ за најдобар гол минатата година ја заработи Хамит Алтинтоп, со погодокот за Турција во натпреварот со Казахстан.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com