Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси наскоро ќе стане татко. Неговата девојка Антонеле Рокузо наводно останала бремена. Иако веќе неколку години реди огромни успеси на фудбалските терени, Меси тврдел дека најголем сон му е да стане татко, бидејќи семејството за него било многу важно и многу му значела нивната поддршка.

Во надеж дека ќе дознаат дали фудбалерот на Барселона ќе стане татко, сите светски медиуми се тркаат да дознаат дали е точно дека неговиот најголем сон ќе се оствари. Најблизу до тоа бил германскиот „Билд“, кој ги контактирал родителите на Меси, но тие не сакале ниту да ја демантираат ниту да ја потврдат оваа информација.