Напаѓачот на Барселона Лионел Меси по постигнувањето на гол од пенал на мечот со Расинг се стрча до камерите, го подигна дресот и покажа напис на долната маица на којшто пишуваше „Среќен роденден мамо“.

 

Дисциплинците на фудбалскиот сојуз на Шпанија немаа разбирање за овој потег и го казнија Меси со 2.500 евра, или пари што Аргентинецот ги заработува за нешто повеќе од три часа и тоа додека спие.

“извор Макфакс“
Ohridnews