Екипата на Барселона освои три драгоцени бодови на гостувањето во предградието на Мадрид совладувајќи го составот на Гетафе со 2-1 во рамките од 18-та рунда во шпанската Примера.
Домашниот тим се покажа жилав противник за лидерот на табелата кој потешко од очекувањата стигна до победата. Гостите од Барселона поведоа со погодокот на Лионел Меси во 20-та минута. Во 39-та каталонците го зголемија водството преку Луис Суарез. Домаќините до крајот на првиот дел погодија и се вратија во игра за поволен резултат. Во второто полувреме Барселона не дозволи нов погодок на домаќините и освои три значајни бодови во борбата за титулата.
Кокците на Барселона и се поклопија, откако Севиља и Атлетико Мадрид ремизираа 1-1 во дербито, а Реал Мадрид неочекувано изгуби од Реал Сосиедад на домашен терен 2-0. Раликата помеѓу Барселона и второпласираниот Атлетико Мадрид изнесува пет бодови, а Реал Мадрид заостанува цели десет бодови.
OhridNews