Фудбалерите на Барселона триумфирајќи на гостински терен кај Гранада со 4-0, прокнижија нови три бодови на табелата во шпанската Ла лига, додека Реал Мадрид освои само бод, ремизирајќи 0-0 против тимот на Осасуна.

Добитна комбинација за каталонците беше тандемот Лионел Меси – Ентони Гризман. Французинот го отвори резултатот, а Меси со два голови во низа зголеми на 3-0. Гризман со вториот гол на мечот ги постави конечните 4-0.

„Кралевите“ само со бод се враќаат од „Памплона“ откако без голови ремизираа со Осасуна. Реал Мадрид креираше шанси и ја погодуваше мрежата но ВАР технологијата не дозволуваше радост. За избраниците на Зинедин Зидан ова е второ реми во серија. На претходното гостување, актуелниот шпански првак ремизираше со Елче.

Лидер на табелата во Ла Лига е Атлетико Мадрид со бод повеќе од Реал Мадрид и два повеќе од Барселона. „Јорганџиите“ имаат три натпревари помалку.

OhridNews