Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, рече дека е горд на освојувањето на рекордната седма „Златна топка“, по врачувањето на наградата за најдобар фудбалер во 2021 година на синоќешната церемонија во Париз.

Навистина сум горд што уште еднаш ја освоив „Златната топка“ на „Франс фудбал“. Чувството да се освои оваа награда по седми пат е неверојатно. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите и на сите, кои насекаде ме следат и ме поддржуваат, бидејќи без нив ова немаше да го постигнам, изјави Меси.

Не знам уште колку години ми преостануваат да играм фудбал, но се надевам дека ќе бидат уште многу, бидејќи многу се забавувам, додаде 34-годишниот Аргенинец.

OhridNews