Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси не успеа да постигне гол на синоќешното гостување кај Лориен (1:1) во 19. коло од францускиот шампионат.
Триесет и четиригодишниот Аргентинец не успеа да постигне гол на ниту еден од осумте гостински натпревари на ПСЖ во 2021/22 година на кои учествуваше. Меси го повтори својот антирекорд. Тој од септември 2006 до март 2007 година, не постигна гол за Барселона на осум гостински натпревари.
Еден од најдобриот фудбалер на светот во ПСЖ дојде во јули 2021 година како слободен агент. За парижаните на 16 настапи има шест гола и пет асистенции.
OhridNews